Капиштец во скафандер

Патот до пеколот е поплочен со добри намериСвети Бернард од Кларв

Две шизофрени хистерии преовладуваат во нашето битисување, оживување и борба за спас на мртвото тело на градот Скопје и живите мртовци кои добија статус на богоухани ем благосиљани надлуѓе, како симнати од фреските на јужноамериканските стари народи, Маи, Ацтеки, Толтеци со гравури на космонаути од пред илјада години. И едните и другите мртви, трупла, не мрдаат само печурките кои никнуваат од нивното труло тело кое се распаѓа.

Скопје

Плачипусарењето за угушеното Шкуп и еден мочан паркинг да се претвори во некаква зелна оаза е само влажен сон на грешниците, да, ние кои дозволивме да се направи ова бетонско, налудничаво срање од град со кое – се гордееме!?!?!

Ај малку со предисторија и преку Тасета од мислењето на стручната фела кој не го ни живее градов, али нивно е стручно право да паламудат, јбг, демократија, ах пусто златно турско.

По земјотресот Кензо-план се прави и гради едвај 60% од предвиденото. Не треба многу памет, само да се погледне макетата на Кензо ќе стане јасно дека корупцијата или нашите тогаш мрсно се изналапале, или парите од цел свет за тој проект завршија во градба на Нови Београд!?!? Терајте како ви е мило. Трговскиот центар требаше да биде споен со транспортен центар (железничка станица) во една серија од пешачка зона и високи иституционални згради, (налик на Дајмонд комплексот позади Рамстор). За тој проект цел свет даде пари, 60% ги гледаме, кај се спичкаа другите, тури му пепел. Се гради потоа Аеродром и Ново Лисиче, се е OK, со дистанца, широки авении, доволно паркинг, се’ е потаман… но спред мене, канцерот започна во Капиштец. Таа населба и кога беше полувселена имаше недостаток од се’, ни грам зленило, на начичкани како во Токио згради.  Да, во Капиштец и Токио во тоа време ист беше бројот на жители на км квадратен, (сега сигурно водиме) но без спортски терен, едвај паркинг, недоволно училишта, градинки, маркети што и да сакаш. Денес е уште полошо, но нискиот праг кај нашиот човек само да се убута што е поблиску до центар е инстиктивно посилна од мрестењето на лососите во Канада.

Кога се направи преседанот во Капиштец, тогаш Скопје тргна праудолу. Приватизацијата само го забрза трендот кој започна со тоа идитоско, пренапикано, несодветно градење. Чујте, да е на поширок простор, со поголеми блевари и зелени паркови – да, Капиштец и би бил ОК, но вака – чист нехуманизам-идиотизам, но како што гледаме, генерации се раѓаат и умираат среќни у ќенефот во кој се упикани. Па ако е така и се дозволи таква висина и густина, зошто да не можам и јас, на мој личен имот? А, секој кој гради плаќа, а кој му плаќа на градот, градските власти се отвораат ко Саша Греј и Аса Акира заедно – џабе пиштите, људи!

Шилежето не ја руши Универзална, туку ќе ја, демек реконструра, која рокот на своето постоење на оваа циркуска арена и истече пред 30 години. Е тука требаше зелена површина, парк, и онака младите природно гравитираат натаму, а простор без м2 зеленило и ќе беше перфектно, но сакате нефукнционална сала на нефункционално место поради носталгија!?!? Па и јас имам носталгија на мојот чучавец од Маџир маало… ама ај, ова ми е покоректната спредба да не забегам оти ми се превртува од дволичноста ваша – скопско-провинциска. Сеедно, таму е сега новиот Центар на Скопје, како што беше Ванила пред Трговски.

Се фатија како кленови од опозицијата и се согласија ќе ја реновисаме. Наместо да се пресели кај Треска, сега таму ќе никне нов деловно – станбен комплекс, убеден сум! И после џабе ќе пиштите оти ќе биде уште полошо и никој не ви е крив, ни староседелци кои сакаат да заработат и комотно се прошират на свој имот и провинција која не прашува за квалитет на градба или цена на квадрат, важно во Центар да си. И нема љутиш, ни иронија кон никого. Во правото има едно – кога ќе направиш преседан – тој станува правило – така и со урбанизмот, особено во Скопје! Најнормална е желбата на сопствениците и инвеститорот да си градат како што си замаслиле пред Холидеј Ин, прашање е колку „гушкања“ ќе има и дали воопшто. Шаренките пердуфчиња чекаат ишарет, а власта пребројува исплатливост – затоа се глуми лудило. Сменија име спортивно на устав, а сега не можело – законот… абе дај… Засега пискотниците се на Твитер и ФБ, а тоа е исто како вагинален чад. Власта сега душка дали ова треба или не, но 2 и пол милиона се лапнати за комуналии.

Еве и да успеете, да го направите паркингот парк, мислите дека тоа ќе биде убаво? Има ли еден зелен сквер во Скопје саглам и одржан? Ма дај не ме Кили…  Ние имаме огромен парк, но на што личи бре? Невидено ругло и запустеност е паркот, па сега ќе правите нов?!?!? Како зелениот покрив на ГТЦ кој е само едвај една петина од кровот? И? Трчи-л’жи!

Секако ќе кажете дека ќе се загуши сообраќајот. Знаете, подземната низ центарот беше спас, арно ама, откако ја дозволи зградата на Палчо и го угуши тој проект, сега може само да свириме симфонии на половиот орган. За што се борите? Па Скопје е мртво одмана, не глумете лудило!

Космонаути паднати од Марс!

Доволен доказ за менталитетот на овој народ е искачањето на она аргонатна пратеничка која сите завиено не’ отера у мајчину, која се издигна над законот и уставот и насоките на СЗО и човековите права на ОН дека тој нејзин потег е оправдан… ма чуј, целата владеачка булумента со се’ тајните списоци за хонорари изрипааа ТЕ ДЕУМ да ја бранат постапката на шетање болни во скафандри.

И не се расправајте, будала не само што ќе ве победи на кондиција, рационалното не допира до него, а кога реланоста е несознајна или се пренебрегнува заради наводно виша цел (партиска) и се мачка со обланди за наше-ваше добро – тоа е веќе дијагноза.

Сите битки се изгубени, сега само е борба за преживување – не може никој, ама никој да го оправи ова. Скопје наликува на Герника и тоа низ дисторзиран филтер, а ние како луѓе сме како некој слика на Дали – се топиме до непрепознатливост.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес