Капитацијата за матичните лекари од 1 јули поголема за 10 отсто

Од 1 јули, како што беше најавено, ќе дојде до зголемување на капитацијата за матичните лекари за 10 отсто, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски  по посетата на новиот дом на култура „Кисела Вода-Кино“ (КВК).

Како што беше најавено така  и ќе се реализира, од 1 јули ќе дојде до зголемување за 10 отсто на капитацијата  на матичните лекари од 50 на 55, рече Груевски одговарајќи на прашање.

Тоа,  како што додаде, значително ќе им помогне на над 1.600  тимови на матични лекари во Македонија.

Се работи за средства од 188 милиони денари или нешто над 3 милиони евра на годишно ниво нешто што додатно ќе ги мотивира и ќе ги стимулира и охрабри над 1.600 тимови на матични лекари кои работат ширум Република Македонија, рече Груевски.

Тоа, потенцира, беше наше ветување и тоа ветување ќе биде реализирнао.

Тоа покажува дека ќе се реализира ветеното зголемување за 10 проценти и покрај сите проблеми со кои во моментот се соочува државата, а се предизвикани од политичката криза која пак е предизвикана од опозицијата, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.