Капитализмот прави „повеќе штета од полза“, анкета пред Давос

Повеќето луѓе во светот веруваат дека капитализмот во својата денешна форма прави повеќе штета отколку полза, открива истражувањето „Edelman Trust Barometer“, објавено пред самитот на политичката и финансиска елита во Давос кој започнува оваа седмица.

Од „Edelman Trust Barometer“, кои во текот на две децении го испитуваат мислењето на десетици илјади луѓе за нивната доверба во клучните институции, оваа година првпат настојувале да дознаат што луѓето мислат за капитализмот.

Авторите на истражувањето наведуваат дека поранешните испитувања на јавното мнение кои покажале пораст на чувството на нееднаквост, ги натерале да ги прашаат граѓаните дали почнале да имаат подлабоки сомнежи во западните демократии втемелени на капитализмот.

„Одоговорт е ‘да’… Луѓето преиспитуват дали она што го имаме денес и светот во кој живееме денес, е идеално за нивната иднина“, вели за Reuters Дејвид Берсофф, шеф на истражувањето коешто го спрвела споменатата американска компанија „Edelman“.

Во истражувањето учествувале 34.000 луѓе од 28 земји. Испитани се граѓаните на ткн западни либерални демократии како САД и Франција, но и граѓани на Кина и на Русија. Повеќе од половината од сите испитаници, односно 56 отсто, сметаат дека „денешниот капитализам прави повеќе штети отколку корист во светот“.

Со истражувањето започнато во 2000 година се настојувало да се проверат теориите на познатиот политички философ Франсис Фукујама, кој по падот на комунизмот стана познат по мислата дека либералната демократија во тој момент се смета за „крајот на историјата“. Меѓутоа, од тогаш се јавуваат критичари кои не се согласуваат со ова, и укажуваат на многу нешта – од растечкото влијание на Кина и сѐ пораширеното појавување на автократски водачи во светот, трговскиот протекционизам и сѐ поголемата нееднаквост како последица на финансиската криза од 2007/2008 година.

На национално ниво, недостигот од доверба во капитализмот најприсутен е на Тајланд – 75 отсто, во Индија – 74 отсто, и во Франција – 69 отсто. Во другите азиски и европски земји, и во оние во Персискиот залив, како и во африканските и латиноамериканските замји, преовладува истата оцена во вредноста од над 50 отсто. Единствено во Австралија, Канада, САД, Јужна Кореја, Хонгконг и Јапонија, повеќето испитаници не се согласуваат со тврдењето дека капитализмот моментално прави повеќе штета отколку полза.

Истражувањето го потврдило различниот вид загриженост на граѓаните, од онаа поради брзиот технолошки развој и несигурноста на работните места, до губењето на довербата во медиумите и чувството дека националните влади не умеат да се справуваат со денешните предизвици. Притоа податоците се разликуваат во нијанси, па, на пример, Азијците се пооптимисти од другите во светот кога станува збор за економската перспектива. Мислењата, исто така, се разликуваат зависно и од статусот, па оние подобро образованите имаат повеќе доверба во тоа како нештата се водат.

Челниците на корппорациите кои оваа седмица ќе се соберат во Давос, како што анализира Reuters, би можело да ги интересира податокот според кој довербата во бизнисот е поголема отколку во владите, како и дека 92 отсто од вработените сметаат дека водечките директори на компаниите би требало да проговорат за актуелниот општествени и етички прашања.

„Бизнисот ја исполнил празнината која ја оставија популистите и партиските влади“, заклучува Ричард Еделман, главени дирекот на „„Edelman Trust Barometer“.