Капитенот на Црвена звезда, Бранко Лазиќ во посета на Антиќ и КФСМ

Претседателот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Перо Антиќ, денеска во просториите на КФСМ имаше пријателска посета од Бранко Лазиќ, капитенот на Црвена Звезда од соседна Србија.

Поранешниот соиграч на Антиќ ги посети канцелариите на КФСМ и неговите соработници, а темата на разговорите била „омилениот спорт на двајцата кошаркари“, соопштија од Федерацијата.

Антиќ настапуваше заедно со Лазиќ во „црвено-белиот“ дрес во последната сезона одиграна во својата професионална клупска кариера, ланската 2017/2018.