Караџовски: Не размислуваме за полициски час, но ако не се почитуваат правилата, не ја исклучуваме можноста

Не размислуваме за полициски час, но ако не се почитуваат правилата, не ја исклучуваме можноста, рече денеска д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Д-р Караџовски истакна  дека зголемената бројка се должи на собирањата и непочитувањата на препораките. Анализата на епидемиолошките податови во изминатите три дена укажува дека одредени настани се главниот промотор на зголемениот број на заразени.