Караџовски не се плаши од прозивањата на медиумите: Цврст сум како куче, затоа ќе издржам!

Комисијата изготвува  свои протоколи и ги дава на министерот за здравство, а тој  на Влада, а сите што  не сакаат да разберат ние сме стручно  советодавно тело на министерот, а не сме Влада и не носиме одлуки. Главниот кризен штаб ги носи одлуките, а јас сум од Институот за јавно здравје, а не од Центарот за јавно здравје. Граѓаните да ги почитуваат мерките, само со тоа ќе може да испливаме од оваа вода, а да не дозволиме сами да пресудуваме кога цела Европа ги применува истите мерки – додаде денеска д-р Жарко Караџовски , претседател на Комисијата за заразни болести

Тој рече дека верува дека  20 отсто од населението не не сфака озбилно мерките, а нагласи дека вирусот е ослабен – имаме помалку хоспитализирани пациенти и помалку на респиратор – на Инфективна клиника нема болни во тешка здравствена состојба овие три дена.

– Само тие што не биле на Инфективна клиника не знаат која е таа мачна атмосфера. Да сфатиме дека мерката за носење опрема и држење дистанца е основа која е во целиот свет.  Да се здружиме сите и партиите на страна и политиката да стојат. Ние во Комисијата сме најголемите професионалци во државата, јас еве по четврти пат во Влада доажам, Венко ми е 13. министер досега , а сум бил член на сите комисии зазаразни болести. Пред да ме опањкавате во медиуми, цврст сум како куче-  затоа ќе  издржа – порача д-р Караџовски.

По ова се вжешти дискусијата помеѓу него и новинарите кои поставуваа прашања „он лајн“, а кои побараа покоректен однос од страна на претседателот на Комисијата, д-р Караџовски, а предмалку го запрашаа и дали се чувствува одговорен за порастот на бројот на заболени од ковид-19 и што сме ставени во групата небезбедни земји, како и дали ќе си поднесе оставка од членството во Комисијата.

Д-р Караџовски одговори дека него го поставил минстерот Филипче за претседател на Комисијата и тој може и да го смени.