Карабао куп: Мидлсброу со предност патува на реваншот со Челзи

Фудбалерите на англискиот второлигаш Мидлсброу го победија лондонски Челзи со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Карабао купот.

На натпреварот одигран на стадионот „Риверсајд“, единствениот гол го постигна Хејден Хекини во 37. минута по одличната акција на домашните.

Иако гостинскиот тим беше надмоќен по сите статистички показатели, неговите напаѓачи не успеаја да постигнат гол што ќе им ја олеснеше работата на избраниците на Маурисио Покетино во реваншот кој ќе се игра на 23. јануари (21 часот) на „Стемфорд Бриџ“.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Ливерпул и Фулам, а првиот меч се игра во среда (10. јануари) со почеток од 21 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.