Карачиќ ќе биде подготвен за дуелот со Динамо (Минск)

По незгодната повреда која ја имаше непосредно пред пријателскиот натпревар со Веспрем каде беше констатирано дека станува збор за повреда во пределот на стомачните мускули, односно делумно кинење на мускулни влакна централниот бек на македонскиот ракометен шампион Вардар, Игор Карачиќ се чуствува далеку подобро. Тој се надева дека ќе биде во тимот кој ќе се бори против Динамо Минск во недела.
“Се чуствувам многу подобро. Немам никаква болка во пределот на стомакот, но хематомот кој го имам е сеуште таму. Во петок почнувам со полесен тренинг, и се надевам дека докторите ќе дадат зелено светло и во недела ќе бидам во тимот за најважниот дуел во Лигата на шампионите, изјави Карачиќ.
.