Караџоска: Да бев нечија роднина, досега ќе беше завршен мојог случај

Снежана Караџовска е граѓанка која има проблеми со инвалидитет и Фондот за здраврствено осигурување не ѝ дава соодветни протези кои ќе и овозможат соодветно движење, па оттаму е принудена да се обрати до министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев.

„Фондот, со кои што располага протези тие се исти, тие се за возрасни, повозрасни, за сите тоа е тоа само што го нудат. За некои без една нога, или за две. Рехабилитацијата е сита за сите 15 дена без разлика на возраста. Од Фондот појма немаат што е адекватно, некој од вас да ги праша колку лица обучуваат со тие протези што ги даваат дали тоа не значи дека они тие го оштетиле Фондот“, изјави Караџовска при гостување на централен дневник на 1ТВ.

Караџовска додаде дека таа не го оштетила Фондот дури зела пробни протези не трајни, а разликата на нив е само бојата на пластиката ништо повеќе.

„Уште мене да ме доисцрпат, уште повеќе друго не знам. Да станам уште подебела, да ми се на се направи контрактура и да не можам да одам. Тоа е исцрпувањето на Фондот, ако можат да ве доведат на работ на лудило бидејќи знаете и гледате на телевизија дека луѓе одат, а вие седите и гледате ко грев што се случува негде таму, а овие ве тераат да одат со нешто што не е функционално“, истакна Караџовска.

Упати апел до власта

„Јас ќе ја искористам вашата ТВ да направам еден апел и до претседателот, и до премиерот да се заземат за мојот случај и за министерот Венко Филипче, јас не сум 90 години па ајде сега уште малце нели за малку не и треба. Јас сакам да живеам, сакам да функционирам, сакам да можам да допринесам. Јас сум човек кој што не знае да седи. Ги молам уште еднаш, ги замолувам, дали да бев нечија роднина ќе беше веќе ова одамна завршено“.

Караџовска дури нагласи дека власта мора да ги решава случаевите индивидуално, секој случај е индивидуален за себе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.