Каракачанов: Бугарија е под дипломатски притисок од Германија поради Македонија

Бугарија се наоѓа под дипломатски притисок да ја поддржиме Македонија, но ние сме суверена држава и имаме достоинство, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за бугарската телевизија Нова.

„Некои Македонци веруваат дека Германците и некои други европски земји ќе нè притиснат и ние безусловно ќе се согласиме да ги поддржиме. Тие не притискаат, тоа е факт. Сепак, Бугарија има свое достоинство и е суверена држава. Ние сме под дипломатски притисок“, рече Каракачанов.

Исткана дека во прв ред танува збор за земјата што моментално претседава со ЕУ. „Германија е многу активна со аргументот дека ‘можете повторно да ги запрете’“, вели Каракачанов.

Во интервјуто да авторската емисија „Вози директно“, тој се осврнува на некои историски настани, за Гоце Делчев и обвинува за присвојување на историјата и непочитување на Договорот.

„Скопје не само што не се придржува кон Договорот за добрососедство и пријателство, туку дури смета дека нема обврска да го почитува. Во Македонија тоа мораше да се сфати уште на 9-ти октомври минатата година Бугарскиот парламент гласаше за рамковниот став, во кој се порачува да се промени говорот на омраза, да се сменат учебниците по историја, географија и литература, во кои гледаме кражба на бугарска историја, негирање на бугарскиот идентитет на населението во Македонија, навредливи квалификации кон Бугарите“, потенцираше рече Каракачанов.

Истовремено за емисијата „Панорама“ на телевизијата БНТ, бугарскиот историчар Наум Кајчев, член на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања по вчера завршената дводневна средба во Скопје, изјави дека освен тоа што нема решение за Гоце Делчев, се појавил и нов проблем.

„Тоа е непотпишувањето на протоколот од минатата, девета средба. Дискутиравме и за учебниците по историја во Република Северна Македонија за седмо одделение, т.е. за средновековието, и всушност од сите наши 14 забелешки, досега поминавме само три. Проблемите се поврзани и со медиумското покривање на овие средби и негативната реторика кон Бугарија, а тоа на некој начин се рефлектира и на работата на комисијата“, изјави Кајчев.