Каракачанов: Македонија ќе го добие датумот доколку го потпише анексот со 12 точки

118

Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат Анексот со 12 точки, што ги подготвивме, изјави за НОВА-Њуз бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Според него, Македонија имала шанса да одреди датум за разговори уште во ноември минатата 2020 година, но, како што рече, не сакала да ја искористи шансата.

„Бугарија не стави вето, туку едноставно рече дека Скопје не е подготвено за датум за преговори“, посочи Каракачанов.

Бугарскиот вицепремиер истакна дека Бугарија е „за“ проширување на ЕУ со земјите од западен Балкан, но говорот на омраза кон сѐ што е бугарско било она што загрижува.

„Омразата се заснова на грубо и грозоморно фалсификување на историјата“, заклучи Каракачанов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.