Каракачанов потврди дека Бугарија бара од Македонија да потпише договор како Преспанскиот

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов за телевизијата БНТ изјави за ветото дека „Бугарија направила вистинската работа, покажала карактер и  достоинство“.

Бара писмен документ или нов договор од Македонија, како што државата потпиша со Грција.

„Да, треба да има писмен документ, јас на изјавите на скопските политичари и министри не верувам. Три години слушаме само убави нешта. Прво, јасно и категорично признание за тоа дека историјата на Македонија до 1944 година е дел од историјата, културата и јазикот на бугарскиот народ. Второ, нивните напори за создавање на некаков посебен идентитет, датираат после 1944 година. Трето, и покрај ова, на територијата на Република Македонија има луѓе, кои и покрај државната политика имаат бугарски чувства и го нарекуваат својот јазик бугарски. Анекс го нареков, може да е меморандум, може да е нов договор, како сакате речете го, идејата ми е да биде потпишан, затоа што не им верувам на убавите изјави“, рече Каракачанов.