Каракамишева: Ако има само претседателски избори тоа ќе биде класично полнење на кутии

Не верувам дека заедно со претседателските избори ќе има предвремени парламентарни. Ситуацијата и во СДСМ и во ДУИ не е таква за да одат на предвремени парламентарни избори, рече професорката Тања Каракамишева во своето гостување на телевизија Алфа. Таа посочи дека тие сега ќе одат на опција да се почека поканата за НАТО од страна на оваа власт, а не да се оди на избори заедно со претседателските.

Според неа дококлу има само претседателски избори кои ќе ги спроведуваа оваа власт, тоа како што рече „ќе биде класично полнење на кутии, се ќе биде на криминална основа“.

Ако има само претседателски избори тие ќе бидат класичен фалсификат. Не верувам во успех на претседателски избори. Затоа на Македонија и се потребни претседателски избори, а заедно со нив и предвремени парламентарни избори, посочи Каракамишева.