Каракамишева до Хан: Почитувајте го Уставот на Република Македонија и меѓународното право

„Со последното соопштение на европските претставницибеше порачаносите политички чинители да бидат политички одговорни за состојбите во земјата, и дека сите се должни да го почитуваат Уставот на Република Македонија. Ова сите,секако, се однесува и на г. Хан, и на европските пратеници, како и на останатите дипломатски претставници во земјата кои на директен или индиректен начин, повеќе или помалку, се составен дел одполитичката криза во земјата. Со оглед дека апелот за почитување на Уставот дојде од г. Хан, овој текст му е посветен токмунему.

Г. Хан, и останати господа европски претставници, еден правен факт во Република Македонија е непобитен, а од Вас заборавен. Не може да се зборува за почитување на Устав, ниту за почитување на меѓународното право во услови кога уцената и притисокот седвете главни мирудии за составување нова Влада во земјата. Уцената и притисокот се криминогени, незаконски дејствија, и како такви немаат капацитет да создадат законски дејствија, или активност заснована на Устав.Нема почитување на Устав, ниту на меѓународното право кога се прави буквално седа се заобиколимнозинската волја на суверените граѓани на Република Македонија. Без почитување на волјата на суверените граѓани нема суверена и самостојна Република Македонија.

Г. Хан, барем Вам треба да ви е повеќе од јасно дека странските држави и нивните политички лидери не смеат да се вмешуваат, ниту да интервенираат во прашања од внатрешен карактер на еднасуверена држава каква што е Република Македонија. Ниту една држава, ниту група на држави нема право да се вмешува, директно или индиректно, од која било причина, во внатрешните или во надворешните работи на друга држава. Секоја форма на вмешувањепретставува закана по интегритетот и независноста на државата, закана по виталните политички, правни, економски и другиобележја на државата. Неповиканото вмешување на странски политичар или на странска држава во внатрешните работи на друга држава е директна повредана меѓународното право.

Г Хан, Вамтреба да Ви е јасно дека ниту една држава, ниту еден странски политичар нема право, ниту му е дозволено да употребува, ниту да охрабрува употреба на какви било средства со кои ќе присили друга држава без нејзина волја да извршува одредени активности,или конкретно, да формира Влада согласно надворешна волја и врз основа на надворешни интереси.

Вам треба да Ви е јасно дека не може да стане збор за почитување на Уставот во земјата ако на крајно перфиден, безобразен и срамен начин се бара од Македонците да се самоетикетираат како геноциден народ, како народ кој направил најтешки злосторства против човештвото, како народ кој физички истребувал друг народ, а при тоа за таквата тешка квалификација историјата не понудила ниту еден доказ, ниту еден податок.

Македонците, почитуван г. Хан никогаш не биле геноциден народ, народ што убива и малтретира други народи. Напротив. Историјата докажува дека Македонците биле најголемите жртви на Балканот. Врз илјадници и илјадници Македонци бил вршен брутален терор. Македонците биле жртви на етничко чистење, на депортации, на големи преселби, на шовинизам, на суров и нехуман третман од страна на други народи. Впрочем, гледаме дека политиката на шовинизам врз Македонците продолжува и до ден денес, трае и натаму. Непризнавањето на правото на самоопределување на Македонците во 21.векод страна на некои европски држави и некои организации е врв на модерната шовинистичка политика која се уште вирее кај дел од Европјаните.

Негирањето на правото на Македонецот да се нарекува Македонец, така како што исконски чувствува, е директно негирање на европскиот принцип на почитување на фундаменталните човекови и граѓански слободи и права,на правната сигурност, на владеењето на правото, и на демократијата, европски принципи врз кои е заснована ЕУ.

Дали г. Хан, Вие кои не ја осудивте, ниту се оградивте од Тиранската платформа, заедно со нашите домашни измеќари, сте воопшто свесни за какводело сакате да го обвините мојот Македонски народ? Дали сте свесни какви дела сакате да ни врзете околу вратот без за тоа да постои ниту еден доказ дека воопштонекогаш биле извршени?  Знаете ли воопшто што е геноцид, и каква неправда сторувате кон целиот Македонски народ? Знаете ли дека станува збор за најтешко злосторство против човештвото сторено од страна на поединци или организирани од државата групи со цел намерно целосно или делумно да се уништува одредена група од населението во државата? Дали Република Македонија и Македонците како народ заслужуваат да бидат ставени на ѕидот на срамот дека кога било сториле грозоморен чин од ваков вид? Со самото барање Македонците да го осудат наводно сторениот геноцид над Албанците на територијата на Македонија, Вие заедно со креаторите на платформата вршите вербален геноцид над Македонците. За извршен геноцид треба да бидат обвинети сите оние кои отворено или прикриено ја бранат платформата и лажно ги обвинуваат Македонците дека се геноциден народ без ниту еден докажан случај за такво нешто во историјата. Македонците никогаш не биле ниту им е во генот да бидат масовни убијци. Целата оваа наводна геноцидна македонска приказна која во суштина е крајно умоболна и ступидна до бесвест има една крајна цел. Да се докаже дека во Република Македонија, Македонците станале конститутивен и државотворен народ на својата земја преку реализирање на стратегија на физичко истребување на Албанците и нивно комплетно уништување на овие простори што е бескрупулозен и одвратен спин, но и лажење на народот за одредени политички цели. Ова е крајно непознавање на податоците и фактите од Балканската подалечна и понова историја. Срам и презир кон сите луѓе што преку вакви измислени стории сакаат да се наметнат како главен политички фактор во регионот. Срам и презир и за правниците кои не го осудуваат овој терористички документ, а имаат професионална обврска да знаат дека и самите судии во Меѓународниот суд на правдата немаат дадено конкретенодговор на прашањето што значи тоа „делумно уништување на одреден народ“, формулација содржана вочленот II од Конвенцијата за геноцид. Колку голем дел е тоа делумно? Единствено за што постои консензус во Судот е дека само геноцидот што е докажан дека се случил во многу големи размери, како оној во Руанда, како нацистичкиот геноцид, ерменскиот, еврејскиот геноцид, може да се каже дека јаима достигнато оваа граница.

Зарем Вам г. Хан не ви е познато декасите постојни пресуди за геноцид се изречени од ад хок трибунали само и единствено против физички лица. Како сега наеднаш во Тиранската платформа се бара Република Македонија како држава официјално да го осуди геноцидот над Албанците? Од каде на каде државата добива обврска за такво нешто?

Единствениот вид пресуди што трибуналите можат да ги изречат во врска со извршен геноцид се само против поединци. Тогаш прашањето кое следи е која е целата поента на носење официјална Резолуција во Собранието на РМ со која ќе се осуди геноцидот кој наводно е извршен врз албанското население во периодот 1912-1956 година кога се знае дека ниту една конкретна субјективна одговорност не може да биде лоцирана од оваа временска дистанца.

Која би била смислата на оваа Резолуција? Нам ни е јасна смислата и целта, но прашањето е дали Вам Ви е јасна? Геноцидот е дело кое не застарува, Вие тоа добро го знаете. Политичките последици кои ќе треба да ги понесе на својот грб Република Македонија поради несериозните апетити на одредени национал-романтичарски албански лидери се опасна играчка која може да го пламне целиот регион. Република Србија исто така нема да седи со скрстени раце ако македонското Собрание одлучи да донесе ваква Резолуција. Тоа ќе биде чин на директен напад и кон српскиот народ кој би бил етикетиран исто така како агресорски и геноциден народ што е многу опасна запалка за целиот Балкан.

Дали намерата на поддржувањето на оваа опасна Тиранска платформа е да се создаде хаос од поголеми регионални размери, во кој хаос освен Република Македонија би требало да биде внесена и Република Србија поради нејзиното директно противење да стане членка на НАТО? Размислете два пати г. Хан што во регионален контекстќе донесе реализацијата на Тиранската платформа? Дали иднината на Република Македонија ќе биде подобра ако и натаму се негира најголемото богатство во земјата, мултикултурализмот, преку негово намерно поттиснување со налудничавата платформска идеја за креирање бинационална држава која во блиска иднина ќе се трансформира во некаква, кој знае каква федерација? Дали преку потребата да се задоволат по секоја цена интересите на Албанците на Балканот навистина не гледате дека внесувате голема, нехумана дискриминација на останатите народи кои живеат на просторот на Република Македонија, вклучително и на Македонците?

Г. Хан, нема почитување на Уставот ако се инсистира на секаков можен начин во унитарна Република Македонија да се протне албанскиот јазик како втор службен јазик на цела територија на државата. Добро знаете дека не постои ниту една унитарна држава во Европа, па и пошироко, каде има два службени јазика на цела територија на државата. Албанскиот јазик како втор службен јазик на територија на цела држава како принцип, и како реалност е спротивен на преамбулата, и на амандамот 5 од Уставот.

Вие г. Хан, знаете дека Република Македонија не е уставно организирана, ниту може да функционира како бинационална држава, како што се бара со Тиранската платформа, туку е држава на „Граѓаните на РМ, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ, и другите“. Оваа формулација натаму се развива во насока дека сите овие граѓани припадници на одделни народи се „свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста на нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија, и се одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на се што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро-Република Македонија-во согласност со традицијата на Крушевската Република, и одлуките на АСНОМ, и на Референдумот од 8. септември 1991 година“.

Сите наведени граѓани на РМ имаат одлучено да ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите и граѓанските слободи и права, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба, и напредок на личниот и заедничкиот живот“.

Кажете ми дали сметате дека богатството на етничките, културните, религиските и другите различности што Република Македонија го поседува со децении, па и векови, а кое нели, е и клучна вредност на самата ЕУ, треба да биде суспендирано само поради интересите на странскиот сценарист и неговата алатка г. Рама?

Нема почитување на Уставот ако македонското богатство на етнички, верски, културни и други различности се ништи на сметка на нараснатите и непропорционални апетити на албанскиот етникум. Нема почитување на Уставот ако сите македонски граѓани не уживаат исти правакако и еднаква заштита насвоите права во земјата. Нема почитување на Уставот ако за едни граѓани почитувањето на Уставот е обврска, е должност, а за други е привилегија. Нема почитување на Уставот ако секој граѓанин, или секој европски или дипломатски претставник  може преку зборови или со конкретни дела да го погази самостојниот и суверениот карактер на Република Македонија. Нема почитување на Уставот ако се правите слепи и глуви на конкретните иницијативи и дадени изјави од некакви странски аналитичари и експерти дека Република Македонија е веќе мртва држава, или дека проектот природна Албанија е пред самото финале во реализацијата. Наместо да ги спречувате овие и вакви иредентистички и националистички изјави и активности, Вие г. Хан заедно со европските институции одлучувате да ги игнорирате, или уште пострашно да не ги забележувате. А добро знаете дека секое молчење е оправдување.

Ако навистина сакате да се почитува Уставот на РМ, но и меѓународното право  тогаш најитно што треба да се направи е да се осуди и да се тргне Тиранската платформа од политичката сцена во државата. Токму оваа платформа најдиректно го повредува Уставот на државата. Како спротивна на Уставот, Тиранската платформа не смее и натаму да постои, ниту смее да произведува какви било правни дејствија. Вие, г. Хан се додека не ја осудите и отфрлите оваа платформа немате правода зборувате за почитување на Уставот на РМ. Вие, г. Хан додека не ја отфрлите Тиранската платформа немате кредибилитет да зборувате за обврската на граѓаните да го почитуваат „новото парламентарно мнозинство“, бидејќи и самиот сте свесен дека со отфрлањето на платформата и новото парламентарно мнозинство нема повеќе да постои. Постојното парламентарно мнозинство е тука поради барањата содржани во Тиранската платформа. Кога истата ќе биде депласирана и тргната на страна и мнозинството ќе добие сосема поинаква содржина.

Оттаму, ајде да се разбереме како Европјани. Не правете му го на друг тоа што вам не сакате да ви го прават. И конечно, нека важат европските принципи за сите и за секого. Иднината на Европа е поврзана и со стабилноста на Балканот. Колку Европа е поодлучна да ги почитува европските принципи на Балканот толку ќе има капацитет на демократски начин да се справи со сите предизвици.“ – се вели во писмото од Каракамишева до Хан.