Каракамишева-Јовановска: Со скандалозната одлука на Апелација, незаконието се смета за право, а правото за незаконитост

По одлуката на Апелација со која се дозволи незаконски прислушуваните телефонски разговори да можат да служат како докази врз кои ќе се засноваат судските одлуки се започнува нова ера во македонскиот правен систем каде незаконието се смета за право, а правото за незаконитост, вели универзитетската професорка по уставно право, Тања Каракамишева-Јовановска за порталот КУРИР.мк.

Скандлозната одлука со која Апелација го крши Законот за кривична постапка дојде по заканите на министерот Оливер Спасовски дека ќе поднесе кривични заради бегството на Горан Грујовски и Никола Бошковски. Апелација реагира на закани, а не работи според словото на законот.

„Незаконитоста станува алфа и омега во работењето на државните органи кога треба да се одлучува за правата на раководната структура на ВМРО-ДПМНЕ. Спротивно на Законот за кривичната постапка со флагрантно кршење на човековите права, Апелација ја ‘дигна рампата’ на незаконитоста и директно го стимулира незаконското постапување на политичките моќници. Власта станува десперадос во правниот систем, станува господар на правото и на судството, а сите граѓани на РМ потенцијални жртви на самоволието што таа се поевидентно го практикува отворено и без никакви ограничувања. Граѓаните, оние што не се согласуваат со политиката на власта, стануваат заложници на незаконието, на политичките уцени и притисоци како во времето на тоталитаризмот’, вели Каракамишева- Јовановска.

Според неа, политиката повеќе не се води според Уставот и законите туку „според уцените на Заев и неговите пајташи“.

“Заев со прислушуваните приватни разговори што никој нема храброст да му ги одземе ја држи цела Македонија во раце. Заев станува главен манипулатор во политиката и во правниот систем преку непочитување на правото, а неговата политика на уценување главна алатка за спроведување на антимакедонските политики. Заев е над Уставот и над законите во Македонија. Тој е и над македонското судство. Ваква рашомонијада од правен систем и непочитување на законите какво што го имаме во последните три години не се памети во историјата на македонскиот правен систем. Станува нормално нешто што во ниту еден правен систем во Европа не се смета за законито’, смета универзитетската професорка.

Никаде во светот, нагласува таа, незаконски прибавени материјали не се сметаат за докази, ама ете тоа е дозволено во Македонија

„Никаде уцените на прислушувачите не проаѓаат неказнето, ама и тоа е можно само во Македонија. Наместо да се казнат тие што незаконски навлегуваат во приватните животи на другите, граѓаните стануваат жртви и се казнети за тоа што зборуваат по телефон. Ваква лакрдија не се памети. Вакво изигрување на законите исто така. Најстрашно од се е што правниците во земјата ова го оправдуваат посочувајќи некакви случаи од Судот во Стразбур. Исклучоците што можат да се најдат во праксата на Судот стануваат правила во Македонија спротивно на нашиот закон и на нашиот Устав и никој не реагира. Само и само да се задоволат желбите на Заев и Амбасадорот целиот правен систем се става на глава. Се прават тешки преседани што ја уништуваат вербата на граѓаните во правото и правната сигурност. Се дозволува криминалци да ни ја водат државата и да одлучуваат што е право што не е. Веројатно вака изгледа дуплото дно што го читаме во крими-романите“, вели Каракамипева-Јовановска за КУРИР.