Каракамишева: Тиранската платформа треба засекогаш да замине во историјата

Тиранската платформа не само што треба да биде отфрлена и осудена, туку треба да се стави ад акта и документот да замине во историјата како  еден неуспешен политички обид работите во Македонија да се наметнат преку уцена и закана, смета универзитетската професорка Тања Каракамишева која гостуваше во Тв Нова.

Во интервју за ТВ НОВА таа истакна дека оваа платформа дополнително ја усложни кризата,а социјалдемократите не требаше да ја прифата со раширени раце.

-Работата дополнително се усложни со обелоденувањето на Тиранската платформа и прифаќањето со две раце од страна на СДСМ, што дополнително го зголеми револтот кај граѓаните. Платформата беше донесена во странска држава, со посредништво на странски премиер,  документ спротивен со уставот на Македонија, а спротивен и на принципите и на ЕУ. Од СДСМ не ја осудуваат платформата и велат дека нема ништо страшно во точките содржани во платформата што упатува на фактот дека во Македонија се доздаваат вештачки политички процеси, посочи Каракамишева.