Каракамишева: Сценариото на Заев и СДСМ е задржување на политичката криза

Не треба да сте многу паметни за да констатирате некои објективни факти кои што се поврзуваат со политичкото однесување на лидерот на СДСМ, но и на неговите учители од СОРОС.

Ова го истакна универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска, во Вестите на Сител, одговарајќи на прашањето- Зошто пропаднаа преговорите во Брисел.

-Јас ќе го поврзам однесувањето на лидерот на СДСМ и неговите учители со една народна поговорка дека „Нити се водат, нити се тераат“, едноставно сите овие месеци како што се однесуваат и делуваат на политичката сцена во Македонија, покажува еден јасен факт, а тоа е дека лидерот на СДСМ нити сака да се реши политичката криза, едноставно сака да ја остави да трае уште многу време, затоа што тие знаат да се однесуваат само во услови на криза, знаат да ќарат политички поени… Доколку се реши политичката криза, тие се свесни дека за неполна година ги очекува гласот на народот, каде што се сигурни дека не само што ќе изгубат туку катастрофално ќе изгубат на тие вонредни парламентарни избори, вели Каракамишева.

Нивното сценарио, според Каракамишева, е да ја задржат политичката криза што подолго и да создадат состојба во која тие ќе бидат главните играчи.

-Ова сериозно ќе се одрази врз евроатлантската интеграција на државата и извештајот што следи, додава таа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.