Карамбол кај патарина Миладиновци: повреден полицаец, еден од возачите избегал

На наплатна рампа „Миладиновци“ во понедленикот утрото малку пред седум часот се случила сообраќајна незгода во која повреден е полицаец.

Во несреќата учествувале товарано возило „фолксваген транспортер“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Д.И. од Пробиштип, товарно возило „фолксваген транспортер“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник и патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки кои припаѓале на патничко возило „лада“, управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото.

2Во незгодата, со повреди се здобил полицискиот службеник и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош„, велат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.