Карамбол на паркинг во Скопје, се судриле автомобил и мотоцикл па настрадале и пешак и „порше“

Во петокот рано попладнето околу 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на улицата „Македонско Косовска Бригада“ се случила сообракајна несреќа меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И. на 22 години од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуваан од 20-годишниот С.А. од Скопје, а во кој биле удрени и паркирано патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки и 62-годишниот пешак Д.Р. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Р., а со телесни повреди се здобил мотоциклистот С.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.