Карамбол помеѓу возила во Скопје, едно е сопственост на МВР

На 30.11.2020 во 20.40 часот во Скопје на ул.„11 Октомври“, пред крстосница со бул.„Кочо Рацин“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, управувано од Љ.С.(65), патничко возило „тојота ајго“, управувано од В.И.(49) и патничко возило „пежо 106“, сопственост на МВР, управувано од М.Ц.(41), вработена во МВР, сите три со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и В.И., како и сопатникот во патничкото возило „тојота ајго“ Т.И.(44), констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

За незгодата е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а увид извршила екипа од СВР Скопје.