Карапетров:Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

Тетово е нашиот дом. Ова место беше предолго оставено на заборавот, водено од неспособни кадри кои се водат од лични интереси, ова го изјави на прес конференција носителот на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово, Ангел Карапетров.

-Нечистотијата, загаден воздух, недостиг на паркинг места, дупки на улиците е децениското секојдневие во Тетово.  И ова мора да се смени. Затоа вашиот глас е важен и вашиот глас се брои. Листата која ја предводам е гаранција дека вашиот глас ќе биде слушнат, одвнатре да ги менуваме работите и да ги штитиме вашите интереси. Тетовчани заслужуваат промени. Ви ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти кои се важни за Тетово. Работа, проекти и промени кои ќе создадат нова иднина каква Тетово заслужува. Само обединети и сложни ќе се избориме за повеќе. Промените во земјата започнаа и тие ќе се заокружат во Тетово, истакна Карапетров.

Гласајте за советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија. Заокружете го бројот 2 за вашиот глас за промени во Тетово, додаде тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.