Каратистите на Макпетрол заминуваат на турнир во Салзбург

КК Макпетрол на турнир во Салзбург

Каратистите од скопски “Макпетрол” и за оваа лига најавија свое учество и ќе бидат дел од вкупно пријавени 59 држави со 756 пријавени спортисти во сениорска конкуренција.

За екипата на Макпетрол ќе настапат следните каратисти-ки.

1.Симона Заборска категорија -55 кг

2. Наташа Стфановска категорија -61 кг

3. АнаМарија Несторовска категорија -61 кг

4. Моника Стефановска -68 кг

5. Томе Тодоровски категорија -67 кг

6. Симон Антиќ категорија -84 кг

7. Османи Халит категорија -75 кг

8. Дејан Павлов категорија +84 кг

9. Петар Заборски категорија -75 кг

10.Орхан Билали категорија -84 кг

11. Жарко Арсовски категорија -84 кг

Тимот на Макпетрол за овој турнир е составен од 4 девојки и 7 момчиња, кои ќе настапат во дисциплината борби поединечно. На минатиот турнир од Премиер лигата кој се одржа во Германија успеавме да освоиме еден бронзен медал (Томе Тодоровски -67 кг), се надеваме дека и во Австрија ќе имаме достоинствено презентирање на Македонскиот карате спорт, изјави тренерот Бошко Заборски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.