Кардашјан и Сталоне опоменати за преголемо трошење вода

Ким Кардашјан и нејзините славни соседи, меѓу кои и Силвестер Сталоне, добиле предупредување поради постојаното кршење на рестрикциите за користење на вода во своите домови во американската сојузна држава Калифорнија, одново погодена од сушата.

Строгите ограничувања на водата, наметнати во време кога западот на САД се наоѓа во 23-та година на последователна суша, на сила се во јужните делови од сојузната држава Калифорнија, вклучително и во богатите квартови Калабасас и Хајден Хилс, потсетува во прилогот од понеделникот весникот The Los Angeles Times.

Меѓутоа, повеќе од две илјади на споменатите две елитни населби северно од Лос Анџелес, познати по раскошните зелени тревници и огромни приватни базени, продолжуваат да ги кршат ограничувањата, користејќи често големи количества вода.

Реалити ѕвездите Ким и Кортни Кардашјан во јуни биле меѓу нарушителите на ограничувањата, пишува весникот, повикувајќи се на писмените опомени до кој дошол благодарејќи на Законот за пристап до јавни податоци.

Домот во Хајден Хилс и околниот имот, кој е во сопственост на фондација поврзана со Ким Кардишјан, ја пречекориле дозволената потрошувачка на вода, како и имотот на нејзината сестра Кортни близу Калабалас. Зголемена потрошувачка на вода е регистрирана и кај прославениот актер Силверен Сталоне на неговиот посед Хајден Хилс.

Повторувањето на нарушувањето на ограничувањата на трошењето вода иницијално се казнува со глоба од неколку стотици долари, но богатите последователни нарушители кои не можат да се воздржат од големата потрошувачка, снабдувањето со водата би можела да им биде сведена на минимум.

Операторот за водоснабдување во Лас Вирџнс, кој е задолжен и за Калабасас и Хајден Хилс, веќе вградил метални уреди коишто го контролираат протокот на водата на вентилите на околу 20 имоти, пишува весникот.

Адвокатот на Сталоне изјавил за The Los Angeles Times дека написот би „можел погрешно да ја карактеризира и интерпретира ситуацијата“ на земјиштето на коешто растат околу 500 зрели стебла, велејќи дека неговиот клиент „проактивно“ вградил систем за наводнување „капка-по-капка“ и дека пуштил одредени делови од тревникот да одумрат од сушата.

Меѓу другите имиња кои се споменуваат во истражувањето на весникот се и комичарот Кевин Харт и поранешната кошаркарска НБА ѕвезда Двејн Вејд.

Препознатлив по своите дрвореди од палми, Лос Анџелес е познат и по бујните зелени тревници, најчесто одржувани со автоматски прскалки. Но жителите сѐ повеќе ги заменуваат своите жедни тревници со растенија кои се карактеристични за пустинските области, а портпаролот на Лас Вирџенс, Мајк Мекнат, вели дека се надева оти славните личности може да послужат како позитивен пример.

„Луѓето ве слушаат, ве гледаат, ценат што правите. Треба да дејствуваме, да бидете пример и лидери коишто другите можат да ги следата“, рекол Мекнат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.