Карди Би му го прости неверството на сопругот: Јас сум луда кучка!

43

е чини дека контроверзната американска раперка Карди Би, која пред неколку месеци поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Офсет, се откажа од тоа.

„Слушајте, јас сум луда жена. Знаете како се расправам со вас на социјалните мрежи? Тоа е токму случајот помеѓу мене и мојот сопруг. И кога луѓето велат дека правам ср*ња за да привлекувам внимание, тоа не е точно. Јас сум луда кучка“, објасни Карди во живо на Инстаграм.

„Тешко е да не разговарате со вашиот најдобар пријател“, рече Карди Би.

Фановите започнаа да шпекулираат дека парот е повторно заедно, откако беа видени како се бакнуваат за време на нејзината прослава на роденденот.

Карди и Офсет се во брак три години. Карди поднесе барање за развод, откако Офсет ја изневерил неколку пати.

Раперката го призна тоа кога преку страницата „OnlyFans“ објасни дека го оставила како превентивна мерка за да не се срами ако тој повторно ја изневери.

Но, и покрај тоа, таа продолжи да го брани на социјалните мрежи, тврдејќи на почетокот на овој месец дека тој не е лош човек, тој е само глупав.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.