Кардиф мора да му плати на Нант шест милиони евра за загинатиот Сала

Меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА пресуди дека Кардиф Сити ќе мора да му плати на француски Нант шест милиони евра за трансферот на Аргентинецот Емилијано Сала кој загина во авионска несреќа на 21-ви јануари годинава пред да заигра за велшкиот клуб.

Авионот исчезнал од радарите на летот од Нант кон Кардиф кобниот датум вечерта. Сала потпиша договор за англискиот премиерлигаш Кардиф Сити вреден 17 милиони евра и заминал во Нант да се поздрави со соиграчите со кои мина три ипол години. По враќањето кон Кардиф авионот исчезна од радарите и речиси три седмици потоа истрагата ги лоцираше остатоците од леталото и го беше извлечено неговото тело.

Клубовите по неговата смрт продолжија да се спорат околу отштетата, а на крајот мораше да пресуди ФИФА.

„Комисијата за статусот на играчите при ФИФА утврди дека Кардиф Сити мора да му плати на Нант шест милиони евра, што одговара на првата рата која велшкиот клуб требало да ја плати согласно договророт за трансферот“ се наведува во изјавата на светстката фудбалска асоцијација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.