Кардиоваскуларната болница во Охрид станува ковид центар- расте бројот на заболени, проблеми и со персонал

Од понеделник Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид повторно ќе работи како ковидцентар, поради зголемениот број лица инфицирани со коронавирусот во градот.

Според последните податоци, во Општата болница во Охрид се сместени 43 лица заболени од Ковид-19 така што се пополнети капацитетите на установата за прием и третман на тој вид пациенти.

Директорот на Општата болница, Горан Балевски, вели дека притисокот врз установата е голем, со дневно и над 150 амбулантски прегледи, а исполнети се одделенијата за инфективни и интерни болести.

Тој појаснува дека установата нема доволно персонал за да ја опслужува модуларната болница, заболени со Ковид-19 има и меѓу вработените, а проблемот со персонал на постоечките одделенија се решава со ротации.

Моментално во Охрид се регистрирани 370 активни случаи на лица инфицирани со Ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.