Кари ја скрши раката

Еден од најдобрите кошаркари во американската НБА лига, Стеф Кари ја скрши раката во текот на синоќешниот дуел на Голден Сѕејт Вориорс и Феникс Санс,

Во третта четвртина Кари се судри со центарот на Санс, Арон Бајнс и непријатно падна на левата рака. Ѕвездата на Вориорс веднаш го напушти теренот, а управата на Голден Стејт подоцна соопшти дека Кари има фрактура на раката.

Засега не е познато колку време Вориорс ќе мора да играат без 31-годишниот Кари, двократен најдобар играч на НБА лигата, во 2015 и 2016 година, како и трикратен освојувач на шампионски прстен.

Вириорс го загубија овој натпревар, а во својот нов дом „Чејз Сентр“ сѐ уште се без победа со два пораза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.