Кари дозна дека е заразен со коронавирус за време на натпревар

Кошаркарот на Филаделфија, Сет Кари, дознал за позитивен тест за коронавирус за време на натпреварот против Бруклин (109:122) одигран ноќеска во Њујорк, објави новинарот на телевизискиот канал „ЕСПН“ Адријан Војнаровски.

Првата четвртина Кари ја помина на клупата, по што мораше итно да ја напушти арената и да замине во самоизолација.

Во меѓувреме, за заразени со коронавирус соопшти и НБА лигата.

– Четворица НБА играчи добиле позитивни резултати како резултат на тестирање на коронавирус од 30 декември 2020 година, стои на веб-страницата на лигата.

Имињата на заразените не се именуваат, но тие се изолирани.

Вкупно 498 играчи се тестирани од 30 декември досега.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.