Карикатури на „Остен“ изложени во Прага

Карикатуристот Дарко Марковиќ и други автори кои се закитиле со наградите на галеријата „Остен“, ги изложија своите дела во Галеријата на уметничката критика Палата Адрија во Прага, Чешка.

Изложбата беше отворена вчера под името „Остен – Дарко Марковиќ и наградените автори“. Изложени беа 50 карикатури и беа емитувани девет кратки анимирани филмови од Марковиќ. Освен тоа публиката во Прага имаше можност да проследи и 40 наградени карикатури на Остен.

Изложбата се организираше по повод 20-годишнината од воспоствувањето на дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Република Чешка. На отворањето на изложбата се обратија амбасадорот на Република Македонија во Република Чешка Паскал Стојчевски, поранешниот амбасадор на Република Чешка во Република Македонија, Јозеф Браун и  Власта Чихакова Ноширо, дирекор на Галеријата на уметничката критика во Прага.