Карл Билд: Улиците на Киев станаа симбол на европскиот сон

Протестите на улиците на Киев станаа симбол на европскиот сон,напишал на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“, шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт, напуштајќи јаукраинската престолнина, пренесе „Корреспондент“.

„Во Киев паѓа слаб снег, но навистина критичните денови за Украина уште претстојат. Опасноста не треба да се потценува“, предупредува политичарот. Тој изразува загриженост дека силите кои сакаат да им го одземат правото на Украинците од европскиот пат за интеграција, веќе нема да се воздржуваат и ќе почнат да манифестираат насилство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.