Карл Лагерфилд: Министерката за одбрана на Германија е прекрасна

ursulaМодниот дизајнер Карл Лагерфилд изјави дека германската министерка за одбрана, првата жена на таа функција Урсула вон дер Лајен ја смета за прекрасна.

Таблоидот „Билд“ денеска коментира дека овој 80-годишен „цар на модата“ смета дека во тие години може да си дозволи и претерано љубезни забелешки на сметка на компетентни жени.

„Таа министерка ја сметам за прекрасна жена, и иако иам седум деца изгледа како млада девојка,“ изјави Лагерфилд, а пренесува „Билд“.

Изјавата била дадена за германскиот неделник „Гала“ чијашто читателска публика ја сочинуваат само жени.