Каролина позитивна на коронавирус, го откажа концертот во Охрид

Каролина Гочева е позитивна на коронавирус поради што нејзиниот концерт во Охрид се откажува.

Пејачката се огласи на социјалните мрежи каде истакна дека се тестирала бидејќи не се чувствувала добро.

„Многу се радував на нашата средба во Охрид и многу сакав да ја повториме онаа магична вечер од Скопје, но… од синоќа не се чувствувам добро, денес се тестирав и имам корона. За жал, мораме да го откажеме концертот планиран за четврток во Охрид. Се гледаме во следна прилика, а на Охрид ќе му се оддолжам со концерт наесен“, напиша Каролина.