Касами: Датумот за изборите по завршувањето на вонредната состојба

Ова беше втора лидерска средба по ред на која се разговараше за определување на денот на изборитe, но, за жал, повторно немаше усогласување, рече лидерот на БЕСА, Билал Касами, по завршувањето на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.

 – Нашиот предлог е изборите да се одржат во рамките на Уставот и законите, затоа што Владата која ќе произлезе од тие избори, полесно ќе може да се соочи со економската и здравствената состојба. Ние со политичка одлука ги одложивме изборите, а сега течат роковите и останува Владата и шефот на државата да одлучат до кога ќе трае вонредната состојба, а по нејзиното завршување да се определи датум за изборите. Исто така, институциите треба полека да ја повлекуваат забраната за движење од 19 до 5 часот, а граѓаните психички да се подготвуваат за избори – рече Касами.