Касами: Дојде време Македонија да има претседател Албанец, а Таравари е идеален кандидат

Претседателот на Движењето Беса Билал Касами, оценува дека е дојдено време Македонија да има претседател Албанец. Во интервју за весникот Лајм, Касами вели дека идеален кандидат за оваа функција е претседателот на АA, Арбен Таравари.

– Многу искрено разговаравме со докторот Арбен, тој дa е кандидат за претседател. Ја знаеме неговата загриженост за овие случувања во рамките на Алијансата. Сметам дека ова треба да заврши, а не да продолжи на ниво на закани и уцени. Во таа насока, посакувам што поскоро да се расчистат сите дилеми во Алијансата и силно верувам дека д-р Арбен Таравари може да биде многу добар кандидат за претседател не само на албанската опозиција, туку и кандидат за кој верувам дека би било прифатлив за сите граѓани на Северна Македонија и верувам дека Северна Македонија е подготвена за претседател Албанец со целосен политички мандат, а не како симболиките што ДУИ ги понуди за овие 20 години владеење, што кулминираше со оваа техничка влада каде што имаме премиер Албанец, половина влада Албанци, но Албанците се подискриминирани од кога било – изјави Касами за весникот Лајм.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.