Касами: Ќе побараме враќање на средствата од тие што земале плата а не работеле во општина Тетово

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ќе побараат враќање на средствата од тие што земале плата, а не работеле во општината.

„Вкупно 294 претходно вработени во општина Тетово или кои имале договор на дело не ми поднесоа извештај за нивното сработено, што значи земале плата а не работеле. Буџетот се оштетувал за сума од околу 1 милион евра годишно. Ние ќе побараме овие средства да се вратат, ако треба и по судски пат. Разберете, за многумина не можевме два месеца договорите да им ги најдеме, скриени по фиоките“, вели Касами.