Касами: Мнозинството е можност да се интервенира за зајакнување на правата на Албанците

Обезбедувањето на 2/3 од гласовите во Собранието за отворање на патот за промени на уставот на државата е многу важен чекор не само за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, туку и можност преку логички аргументи и конкретни предлози да се интервенира за појаснување и зајакнување на правата нa Албанците во Македонија со укинување на навредливи стапки на проценти.  Со измените уставот  ќе биде генератор на мир, стабилност и хармонија меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници вели лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами.

Тој потенцира дека „Сега е можноста да се донесе устав со вредносни параметри на европските држави за да се докаже дека влезот во големото семејство на НАТО и ЕУ е одраз на прозападната определба на граѓаните на Македонија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.