Касами нема да оди на лидерската средба

Претседателот на Движењето Беса Билал Касами ќе ја одбие понудата на премиерот Димитар Ковачевски за лидерската средба која денеска напладне треба да се оддржи во Собранието со претседателите на парламентарните партии, брифираат за „Слободен печат“ од Беса.

Касами во 11 часот на прес конференција ќе соопшти зошто ја одбива понудата на Ковачевски.

Пред премиерот да закаже лидерска средба, Касами ги покани претседателите на партиите од албанскиот политички блок на лидерска за усогласување на позицијата да се тргне од Уставот формулацијата „20 отсто“ и да се замени со албански јазик. Ниту еден од лидерите на партиите од албанскиот кампус не ја потврдија поканата на Касами за присуство на средбата.

Викендов и претседателот на Левица Димитар Апасиев ја одби поканата на премиерот за лидерска средба.

На лидерсклата среба свикана од Ковачевски партиите треба да разговараат за евроинтеграцискиот пат на земјава, скрининг процесот и да се обезбеди консензус за внес на Бугарите во Уставот.