Лидерот на Беса, Биљал Касами во интервју за ТВ21 во емисијата „Клик плус“ изјави дека нема да прифатат каков било кандидат предложен од ДУИ за премиер Албанец во последните 100 дена од владата.
Касами откри дека разговарал со премиерот Зоран Заев на таа тема, односно дали да му се понуди на ДУИ 100 дена премиер, за што Касами се согласил.
Тој најави и дека собраниското мнозинство во иднина ќе се зголеми.
– Со други пратеници во иднина ќе се зголеми парламентарното мнозинство во Собранието и за прв пат по долги години ќе имаме влада која ќе го реализира својот четиригодишен мандат, имаме многу работа и многу проекти кои се во интерес на граѓаните – потенцираше Касами.
Со договорот за коалицирање меѓу лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, парламентарното мнозинство брои 62 пратеници.