2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Касами: СЈО беше искористено само за промена на власта

Специјалното јавно обвинителство беше искористено само за промена на власта, без да даде конкретни резултати во искоренување на криминалот и корупцијата“ оценува Биљал Касами во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Челникот на БЕСА во интервјуто е убеден дека СЈО беше искористено само за промена на власта, без да даде никакви конкретни резултати од областа за која беше формирано.

Касами, исто така, вели дека случајот „Рекет“ се отвори само колку да се покаже дека нешто се работи, но откако Зоран Милевски Кичеец отиде во домашен притвор, вели дека јавноста е разочарана. Додава дека во државата уште нема правда, и важно е кој си.