Касами: Заев прифати и натаму да се работи на албанското прашање

Албанското прашање во Македонија сè уште не е затворено, и нема да се затвори сѐ додека Албанците не станат рамноправни со Македонците, вели ретседателот на Движењето Беса во Македонија, Билал Касами за телевиијата Ora News во врска преговорите со премиерот Зоран Заев  за гласање на уставните измени.

Касами вели дека ваквата констатација била прифатена и од самиот премиер Заев и вели дека преговорите со челникот на владајачката партија СДСМ  „не беше битка на Движењето Беса, тоа беше битка за албанското прашање во Македонија“

„Албанското прашање во Македонија и натаму останува отворено и покрај фактот што некои албански партии во Владата за да ги бранат своите позиции го прогласија албанското прашање за затворено. Ова се обидоа да го кажат и од Вашингтон, но ние успеавме да постигнеме договор со Владата за ова прашање да остане отворено и понатаму се решава. Високи претставници на Демократската унија за интеграција во Владата на Зоран Заев веднаш по нашата посета на Стејт департментот, каде што ја изразивме нашата загриженост дека албанското прашање во Македонија не треба да се затвори бидејќи Албанците не се рамноправни со Македонците“, вели Касами на прашањето што преговарал и што договорил со Заев за да гласа за уставните измени.

Челникот на Беса за телевизијата појаснува натаму дека се залага Албанците да бидат третирани како народ кој е основач на државата и да ги уживаат правата како уставотворен народ.

„Албанците овде се третираат како малцинство, иако се најважниот дел македонската држава, по Македонците ние сме мнозинство во Македонија и како такви ги бараме нашите права да бидеме третирани како уставотворен народ и народ кој е основач на оваа држава. Значи, изјавија (ДУИ – з.р.) дека со половичното решение на прашањето за албанскиот јазик, албанското прашање повеќе не постои. Сѐ додека албанскиот јазик не влезе во Уставот, како еднаков на македонскиот јазик, сѐ додека Албанците не се споменуваат во Уставот на Македонија како рамноправни граѓани и како државотворен народ на Македонија, албанското прашање ќе продолжи да биде отворено. Ова го прифати и премиерот Зоран Заев во документот потпишан со Движењето Беса“, тврди Касами.