Касиљас: Не ја разбирам смислата на ВАР технологијата

Еден од најголемите голмани во историјата на Шпанија и „Реал Мадрид“, Икер Касиљас е еден од многуте фудбалери кои не беа задоволни од судењето на финалето меѓу Хрватска и Франција. И тој упати критики на аргентинскиот судија Нестор Питана и на ВАР технологијата.

Искрено, воопшто не го разбирам значењето на ВАР технологијата. Судијата му досуди фаул на Гризман, кој очигледно беше симулиран, а потоа Французите даваат голот и никому ништо. Во друга ситуација Перишиќ едноставно не можеше да ги тргне рацете. Матуиди сакаше да ја погоди топката со глава, но ја пропушти и топката едноставно го погоди Перишиќ во раката. Ако ме прашате, тоа не е пенал, рече Касиљас.