Кастратовиќ останува на чело на Металург

Црногорскиот тренер Зоран Кастратовиќ ќе остане на чело на Металург, откако неговата оставка не била прифатена од раководството на тимот.

Оттаму објавија дека тој ја има целосната поддршка за да спроведе дисциплински мерки кон ракометарите што нема да го прифатат неговиот начин на работа. Неговото незадоволство и одлуката наводно дошле поради непослушност и недисциплина на некои од играчите во клубот.

На тимот му претстои меч во ЕХФ Купот против Горење во Скопје на 24 ноември.