Каталонскиот национален ден го одбележува ново барање за независност

На улиците на каталонската престолнина Барселона се очекуваат стотици илјади луѓе во вторникот вечерта на прославата на каталонскиот национален ден Диада, прв откако поранешниот претседател на оваа шпанска покраина Карлес Пучдемон пред една година прогласи независност којашто беше изгласана во парламентот врз основа на резултатите од референдумот од ланскиот октомври, но којашто во практиката не заживеа а шпанскиот Уставенсуд го забрани референдумот и владата во Мадрид ја распушти каталонската влада и го презема управувањето со покраината до декемвриските избори.

Поборниците на отцепувањето на Каталонија од Шпанија последните години го користеа 11-ти септември, кога се одбележува падот на Барселона во ткн Војна за шпанското наследство од 17љ4 година, за својата кампања. Каталонците вообичаено на овој ден тргнауваат во поворки точно во 17,14 часот, одбележувајќи така на 1714-та кога Барселона паднала во борбата меѓу австриската династија Хабсбург и француското кралско семејство Бурбон. Каталонците, коишто биле на страната на Хабсбурговците, сметаат дека на тој начин се бореле за својата самостојност, додека заговорниците за унитарна Шпанија тврдат дека тоа е мит. Оттогаш, на шпанскиот престол се династијата Бурбонци.

Диада минатата година беше организирана пред рефередумот, кој подоцна резултираше со интервенција на сојузната полиција откако покраинската се повлече на избирачите места и преземање на директна контрола на Мадрид над Каталонија. На националниот ден Каталонците обично формираат „човечки дворци“, лица кои се качуваат едени другите на рамењата формирајќи облик на кула или, пак, држејќи се за рацете правата со километри долги човечки синџири.

Оваа година распоредени се повеќе полицајци, отколку претходните години. Шпанската валда побара и дополнителни 600 агенти во цивилно, наведувајќи дека тоа е норамално за настани со ваква масовност.

Наследникот на Карлес Пучдемон на чело на каталонската влада, Куим Тора, ги повика 7,5-те милиони жители на Каталонија на масовен одѕив а да ја покажат желбата за нов обврзувачки референдум за независност. „Нашата влада се обврза да создаден република… Со надеж во деновите коишто доаѓаат, и со целата смелост, во посакувам среќна Диада. Да живее слободна Каталонија!“, истакна. Во текот на говорот имаше жолта лента, симбол на поддршка на каталонските лидери обвинети за бунтот против Шпанија од кои некои се наоѓаат во притвор, а други се бранат од слобода. Сегашната каталонска влада, којашто ја формираа сепаратистите кои освоија мнозинство и по предвремените парламентарни избори кои ги распиша централната влада во Мадрид, инсистираат на нивно ослободување.

Новата шпанска социјалистичка влада, коајшто ја презема власта во јуни по излгасувањето недоверба на владата на конзервативната Народна партија, настојува да ги ублажи тензиите, но се противи на референдумот за независност. Премиерот Педро Санчез му понуди на Куим Тора реферндум за поголема автономија, но вториот го одби тоа, истакнувајќи дека единствено доаѓа предвид референдум за целосна неависност кој би го признала шпанската влада, но и меѓународната заедница. Тора се повикува на желбата на граѓаните искажана на 1-ви октомври 2017 година кога Пучдемон организираше референдум спротивно на одлуката на шпанската влада и Уставниот суд и на кој не се одѕваа главно противниците на независноста.

Од 2012 година Каталонија постојано бара одржување референдум по моделот на независноста на канадски Квебек (1980, 1995 година) и Шкотска кој завршија со победа на противниците на отцепувањето. Во 2009 и 2010 година во Каталонија се одржа серија неформални референдуми во малите општини, за кои не се водеше кампања. Во едната серија, што се одржа на 12-ти и 13-ти декември 2009 година, учествуваа 27 отсто од вкупниот број гласачи, а од нив 94,9 отсто гласале за независност на Каталонија.

Жителите на Каталонија се поделени околу прашањето на независноста, според анкетите. Каталонија има своја влада, парламент, полиција и обрзование, како и финансии. Според една од анкетите кои ги направил институтот Centаr d’Estudis d’Opinio направена овој јули, околу 46,7 отсто од анкетираните Каталонци се изјасниле во полза на самостојна држава, додека 44,9 отсто за останување во рамките на Шпанија.

Централната шпанска влада којашто од 2011 година до ова лето ја водеше конзервативецот Маријано Рахој, ја одбиваше таквата можност која во 2014 година ја искористи Шкотска. Владата и сега се повикува на уставот од 1978 година, донесен по падот на Франковата диктатура, и одлуката на Уставниот суд на Шпанија и истакнува дека за судбината на дел од државната територија треба да се изјаснат сите Шпанци и оти референдуми за ензависнсот не се дозволени во ниту една од 17-те покраини. Во моментов, според членот 92 од Уставот на Шпанија, ваквите одлуки ги носи централната власт и Конгресот на пратениците, а ги одобрува кралот. Мадрид, исто така, може да го примени правото на укинувањето на автономното управување на регионалните влади, а во согласност со членот 8,1 од Уставот да ја искористи армијата за заштита на унитарноста на земјата.

Како и Шкотска во Велика Британија, Фландрија во Белгија или Паданија во Италија, и Каталонија верува дека подобро ќе живее како самостојна држава којашто не мора да ги финансира посиромашните региони. Меѓутоа, повеќето Каталонци го бараат правото да одлучуваат за иднината на својата покраина, што покажаа и со масовните собири на поддршка одржани на 11-ти септември, по повод одбележувањето на Диада, каталонскиот национален празник.

Една од причините за остриот раст на сепаратистичките тенденции во Каталонија се проблемите во економијата, со оглед на финансиската и економската криза во која се наоѓаѓе Шпанија. Застапниците на отцепувањето на Каталонија од Шпанија веруваат дека економски развиениот регион, чијашто економија е поголема од, на пример, на Португалија, кој има удел од 19/20 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на кралството, го издржува остатокот од Шпанија. Каталонците сметаат дека тие повеќе уплаќаат во заедничката каса отколку што им се враќа и дека добиваат во форма на грантови и исплати помал износ од 16 милијарди евра годишно, што е еднакво на 8 отсто од регионалниот БДП. Меѓу населението на Каталонија владее уверување дека не треба да се толерира таквата неправда и дека е време да престанат да плаќаат за грешките на економските политики Мадрид. На сепаратизмот, пак, му се спротиставуваат и делови од каталонската бизнис заедница коишто стравуваат од губењето на важниот за нив шпански пазар и неподготвеноста на Европската унија за прием на нова членка.

Според водечките политичари во Каталонија ќе биде најсоодветно да го има статусот како членка на Европската унија. Каталонија, на тој начин, се обидува да се здобие со статусот на европска нација со истите овластувања како што се предвидени за, на пример, Данска, Словенија, Финска, Естонија, Литванија и Латвија. Меѓутоа, Мадрид предупредува дека каталонскиот пат до независност не води никаде и дека во тој случај Барселона би морала да аплицира за прием во Европската унија. Економистите тврдат дека брзото одвојување од Шпанија ќе придонесе за голема економска штета.

Во моментов Каталонија е најзадолжената од 17-те шпански автономни региони. Но Каталонија е првиот економски извозник во Шпанија со 28 отсто од шпанскиот извоз, а доколку Каталонија е држава, би била меѓу првите 50 земји извозници на светот, сметаат каталонските политичари заговорници на независноста.