Катанија исфрлена во Серија Д – ќе стартува со минус дванаесет бода

Пулвиренти ја спаси па ја закопа Катанија

Претседателот на клубот, Антонино Пулвиренти призна дека платил 100 илјади евра за да намести неколку мечеви при крајот на минатата сезона во Серија Б. Катанија забележа пет победи и обезбеди опстанок во Серија Б, но сепак италијанските власти одлучија да го казнат клубот со исфрлање во Серија Д и минус од 12 бода.

Исто така, казнети се и Терамо и Савона, но немаат минус на бодовното салдо. Причината за оваа казна е што фудбалерите на Савона дозволиле Терано да победи за да обезбеди пласман во повисок ранг.