Катар ги повика талибаните да се вклучат во борбата против тероризмот

Катар во вторникот побара од радикалното авганистанско исламистичко движење Талибан да се „вклучи во борбата против тероризмот и да формира инклузивна влада“, по повлекувањето на трупите на САД од Авганистан, што создава потенцијалне период од голема несигурност во регионт по двете децении војна.

„Ја истакнавме важноста од соработка против тероризмот. Нема сомнение дека Авганистан преживува критичен период и ја истакнавме важноста од соработка на талибаните и почитување на нивните обврски во оваа областа“, изјави во Доха катарскиот министер за надворешни работи Мохамед бен Абдерахман ал-Тани на заедничката прес-конференција со германскиот колега Хеико Маас.

Катар беше посредник и домаќин на мировниот процес меѓу САД и талибаните, како и на меѓуавганистанските преговори со поранешната влада во Кабул, пред движењето на 15-ти август да ја преземе целата власт во Авганистан.

„Отсекогаш нашата задача беше барањето да се формира вклучителна влада која се состои од сите партии и не исклучува ниедна. Во текот на разговорите со талибаните, немаше ниту позитивен ниту негативен одговор. Катар ќе продолжи да ги отвора каналите за комуникација со сите партии во Авганистан и се надеваме на постигнување национален консензус“, додаде ал-Тани.

Дваесет години откако со американската инвазија беа соборени од власта, талибаните повторно ја контролираат авганистанската територија освен одредени џебови на отпорот. Во вторникот, по повлекувањето и на последниот американски војник од аеродромот во Кабул ја прославуваа победата над најголемата воена сила на светот. Со рафален оган во главниот град беше поздравена објавата за конечното повлекување на американската војска, што талибаните го доживуваат како „историска“ победа и успех.

Шефот на германската дипломатија Хеико Маас оцени дека „апсолутно не постои алтернатива на разговорите со талибаните“.

„Не го разгледуваме прашањето за формално признавање на новиот авганистански режим, туку сакаме да ги решиме постојните проблеми. Не можеме да си дозволиме нестабилност во Авганистан која би поттикнала терорзима и би имала негативно влијание вр соседните земји“, додаде Маас.

Споменувајќи го авганистанскиот народ, германските државјани кои сѐ уште се во оваа земја и Авганистанците кои работеле за германските сили и организации, Маас додаде дека Германија е подогтвена да пружи хуманитарна помош на Авганистан за да се избегне хуманитарна катастрофа во текот на престојната зима.