Катар го осуди израелското ракетирање на канцеларијата на Црвената полумесечина во Газа

Катар ги осудува израелските власти за ракетирање на зградата на своето претставништво на Црвената полумесечина во палестинската енклава Појасот Газа, реагираше во понеделникот катарското министерство за надворешни работи.

„Државата Катар остро го осудува бомбардирањето од страна на израелските окупатори врз зградата на Катарската организација на Црвената полумесечина во опколениот Појас Газа, во кое неколку луѓе загинаа и беа ранети“ ,се истакнува во соопштението.

Како што подоцна објави катарската Црвена полумесечлина на својот профил на Twitter, најмалку двајца Палестинци се убиени и уште десет други се ранети во израелското бомбардирање. Акциите на израелските власти организацијата го нарече „кршење на нормите на меѓународното право, особено Женевската конвеција за заштита на цивилите во време на војна“.

Во соопштението на катарската дипломатија, исто така, се наведува дека во нападите „се оштетени или уништени и одделенија на соседната болница Шеик Хамад бин Халифа ал-Тани“, во која се згружуваат пациенти на кои им е потребна протетика и рехабилитација.

Покрај тоа, властите на овој блискоисточен емират го осуди Израел за саботното уништување на 12-катницата во која беа дописништвата на неколку странски медиуми, вклучително и катарската сателитска телевизија Al Jazeera.

„Катар ја повикува мешународната заедница да го осуди овој ужасен чин и да вложи максимални напор да се стави крај на непрекинатите злосторства од страна на Израел на окупираните територии, како и да се заштитат цивилите, новинарите, лекарите и хуманитерните работници“, се заклучува во соопштението.