Катар се обидува да постигне договор со кој Хамас ќе ослободи меѓу 10-15 од околу 240 израелски заложници што ги држи во Газа од минатиот месец во замена за пауза од тековните борби во времетраење од еден до два дена, објави АФП.
Извор запознаен со разговорите изјави за АФП дека „преговорите со посредство на Катарците во координација со САД се во тек за да се обезбеди ослободување на 10-15 заложници во замена за прекин на огнот од еден до два дена“.
Хамас зеде како заложници стотици луѓе, главно цивили, за време на својот неиспровоциран напад врз јужен Израел на 7 октомври, во кој терористичката организација масакрира над 1.400 луѓе, повторно, главно цивили. Меѓу заложниците има старци, жени и деца на возраст од 10 месеци.
Хамас досега ослободи четири заложници, две американски државјанки и две Изреалки.
Силите на ИДФ исто така, досега спасија еден заложник, жена војник на ИДФ Ори Мегидиш.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е дециден дека нема да има прекин на огнот додека не се вратат заложниците. Десетици илјади анти-израелски активисти демонстрираа ширум светот барајќи од Израел да престане со одмаздата против Хамас на начин што ќе ја остави терористичката организација на власт во Газа и ќе ѝ овозможи да ги задржи заложниците.