Катар преговара за ослободување на 50-ина заложници и тридневно примирје меѓу Хамас и Израел

Катарските преговарачи настојувале во средата да издејствуваат меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас договор за ослободување на педесеттина цивилни заложници од Газа во замена за тридневно примирје, изјави за Reuters функционер упатен во преговорите.

Договорт, за кој и натаму се разговара и е координиран со САД, предвидува ослободување на пелестинските жени и деца од израелските затвори и зголемување на дозволената од Израел хуманитарна помош за целосно блокираната блокада на Појасот Газа, рекол за агенцијата неименуваниот соговорник.

Договорот, доколку биде постигнат, би овозможил она најмноги заложници на Хамас откако милитантната група на 7-ми октомври упадна во јужен Израел ги во Појасот Газа пренесе околу 250 заложници. Не е познато колку палестинци жени и деца би биле ослободени од израелските затвор.

Целта на преговорите предводени од Катар изминатите неколку седмици многу се изменија, но фактот дека сега се разговара за ослободување на 50 цивилни заложници во замена за тридневно примирје или дека Хамас се согласил на нацрт-договорот досега не бил познат.

Катар, американски сојузник во Персискиот залив со амбициозни надворешно политички амбиции, одржува директна комуникација и со Хамас и со Израел, а во минатото посредуваше во договори или во постигнивање примирја меѓу двете страни.

Ваков договот би значело дека Хамас мора да го предаде целосниот список со живите заложници кои се држат во Појасот Газа. Во петокот, военото крило на исламистичкото движење, Бригадите на Ал Касам објавија дека 60 од заложниците загинале во израелските бомбардирања, како и дека телата на некои од нив сѐ уште се под урнатините.

Не е јасно дали Хамас во моментов може да го состави точниот список со заложници, бидејќи војната предизвика комуникациски и организациски тешкотии во Газа, изјавил за Reuters неименуван западен дипломат во регионот.

Собирањето на заложниците заради истовремено ослободување, а што го сака Израел, би било логистички тешко да се изведе без примирје, рекол друг извор од регионот упатен во преговорите.

Покрај тоа, била доведена во прашање усогласеноста меѓу военот и политичкото водство на Хамас, што подоцна е надмината, а постои и загриженост дека израелскиот воен притисок го отежнува постигнувањето на договорот, појаснил истиот извор.

Ослободувањето на сите заложници во моментов не е на масата, рекол соговорникот на Reuters.

Наводите за преговорите и темата веднаш не ги коментираа израелските функционери кои претходно одбиваа да дадат кава и да е поединост за разговорите поврзани со заложниците, велејќи дека не сакаат да ја поткопуваат дипломатијата или да поттикнуваат извештаи кои ги нарекоа „психолошко војување“ на палестинските милитанти.

Тахер ал-Ноно, медиимски советник на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, на прашањето за преговорите директно не потврдил дека се разговара за договорот.

„(Израелските премиер Бенјамин) Нетанјаху го одолговвлекува и поткопува секој напредок. Го искористува прашањето на заробениците за да ја продолжи агресијата. Нетанјаху не е сериозен во поглед на постиггнување договор“, рекол ал-Ноно за Reuters.

Катарското министерство за надворешни работи, исто така, одбило да ги коментира наводите за преговорите.

Изараелскиот министер Бени Ганц, кој влезе во владата од опозиција и е член на воениот кабинет, на прес-конференцијата во средата рече „Дури и доколку мораме да ги запреме борбите поради нашите заложници, нема да биде крај на судирот нувит војната додека не ги оствариме нашите цели“.

Ганц одби да даде повеќе поединости на прашањето што го попречива постигнувањето договор за заложниците.