Катар сака да ги диверзифицира купувачите на неговиот гас

148

Катар сака да ги диверзифицира купувачите на неговиот природен гас, изјави катарскиот минисер за енергија за германскиот весник Handelsblatt, што на Германија може да ѝ ги отежне напорите да ја намали големата зависност до руските енергенси.

„Како што купувачите сакаат да има различни добавувачи, ние сакаме да ги диверзифицираме купувачите. Не сакаме сиот наш гас да ѝ го продаваме на Германија. Во случај Германијха да реши да престране да го користи гасот, би паднале во стапица“, посочува министерот Саад Шерида ал-Кааби и додва дека разговорите со германската страна биле конструктивни.

Емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал-Тани, изјави на заедничката конференција во Берлин со германскиот канцелар Олаф Шолц во петокот дека Катар планира да ја снабдува Германија со течен природен гас (LNG) во 2024 година. Планот на Германија за поставување плутачки LNG терминали брзо се одвива додека земјата, поради антируските санкции се обидува да се снајде без досега евторниот руски гас.

Катар е најголем светски произведувач на течен гас, но неговиот извоз главно е ориентиран на поскапиот пазар во Азија каде што има и развиена LNG инфраструктура. Германија по руската офанзива во Украина, следејќи ги западните сојузници, најави дека сака да постигне независност од руските енергенти. Но оваа земја во моментов повеќе од 50 отсто од своите потреби за земен гас ги покрива со увоз од Русија.

Но уште во февруари катарскиот министер за енергетика Саад ал-Кааби предупреди дека ниту Катар, ниту другите земји-производители немаат капацитет, барем за брзо време, да го заменат рускиот природен гас во Европа доколку се прекине снабдувањето поради руско-украинскиот конфликт. Главниот проблем е што Катар има склучени долгогодишни договори со корисниците во Азија, и според процените само 10 до 15 отсто од продадениот гас веројато може да се пренасочат кон Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.