14.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Катастрофа за производителите на бостан и пченица, министерот во Франција

Додека деновиве земјоделието е клекнато на колена од страна на Љупчо Николовски, тој на својот фејсбук профил објавува дека удобно ужива во француската престолнина Париз.

Земјоделците пред неколку денови започнаа масовно да ги кршат бостаните незадоволни од откупната цена која е само три денари. Незадоволните бостанџии решија да го стопираат откупот, бидејќи како што велат цената која е моментално, не им е доволна ниту да ги вратат трошоците кои се направени за одгледувањето.

Тие се крајно револтирани од односот на Владата, Министерството за земјоделство и министерот Љупчо Николовски.

Освен бостанџиите, во слична состојба се наоѓаат и производителите на пченица кои на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на премиерот Зоран Заев и на министерот Николовски.

Пазарот е презаситен со српско брашно, а државата нема никаква стратегија како да се справи со овој проблем. На само недела дена пред жетвата на пченицата се уште нема потврда дали домашните мелничари ќе го откупуваат домашното производство или не. Ветувањата што Николовски им ги даде на мелничарите дека проблемите ќе ги реши до 30 јуни и дека ќе ја стабилизира состојбата на жетвата се покажаа како една голема лага. Не само што не се решени проблемите туку мелничарите се заканија дека нема да вршат откуп, а земјоделците ќе нема каде да ја пласираат нивната реколта, ова се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај оваа катастрофална состојба во земјоделието министерот без срам кон земјоделците се пофали на социјалните мрежи дека во моментов е делегат во Меѓународната организација за вино во Париз, додека состојбата со бостанџиите и производителите на пченица тука во Македонија е повеќе од алармантна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВЕСТИ

Политичка пресуда: За напад врз Села казни по 13 години, а свирепи убијци се судат на 8

ВЕСТИ

Василевска: Заев преку Ало- Ало ја крои судбината на граѓаните, тоа е понижување

ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Заев, Димитров, Џафери и пратениците кои гласаа за потпишаниот договор со Грција

ВЕСТИ

Тринаесет години затвор за влез во Собрание, а за убиствата кај Смилковско езеро одложување на рочиштето

ВЕСТИ

Седмиот самит на Македонија 2025 од 7 до 10 ноември

ВЕСТИ

Лашкоска: Денес е тажен ден за Македонија, СДСМ ги руши националните и државните интереси

ВЕСТИ

ФОТО: Струмичани се подготвуваат за неделниот протест на ВМРО-ДПМНЕ